Хуманитарна аукција на дела од Гоце Божурски вечерва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во „Занаетчиски дом“ во Куманово вечерва со почеток во 19:30 часот ќе се одржи хуманитарна аукција на ликовни дела од познатиот кумановски уметник Гоце Божурски.

На аукцијата ќе бидат понудени 15 слики, кои авторот ги донира за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

Настанот се организира со поддршка на Лајонс клуб Куманово и Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.

Божурски и во минатото донирал свои дела за хуманитарни цели, а една од неговите најголеми донации опфатила 20 слики, кои биле продадени на аукција, при што средствата биле наменети за слепи лица и лица со посебни потреби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово утре ќе биде домаќин на Спортските игри за млади

Гоце Божурски е еден од најпознатите кумановски ликовни уметници и историчари на уметност.

Зад себе има десетици самостојни изложби и учество на бројни групни изложби во земјава и странство, а добитник е и на повеќе национални и меѓународни признанија.

Работел како кустос во Уметничката галерија во Куманово и долгогодишен советник за ликовна дејност во Министерството за култура.

Минатата година доби и меѓународна награда за значаен придонес и ликовни достигнувања во минијатурната уметност.

Никола Ивановски