Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо време со услови и за сонце, но и за врнежи од дожд и грмотевици.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи околу осмиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне 23 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со врнежи од дожд, но и услови за кратки сончеви периоди.
Ќе дува слаб до засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, а дневниот максимум ќе достигне 21 степен целзиусов.

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до засилен ветер од западен и северозападен правец, кој ќе достинува брзина до 40 километри на час.
Минималната температура ќе се спушти до 8 степени, а максималната ќе се искачи до 16 степени целзиусови.

И следната недела ќе имаме променливо време во комбинација од дожд и сонце.
Никола Ивановски

