Негативни утрински температури, а за викенд нов влажен бран

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито со умерен до засилен ветер од северен правец.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ветерот ќе биде најизразен вдолж Повардарието, како и на планините. Поради продорот на студен воздух од север во текот на денот дневната температура нема многу да расте, а на места и ќе опаѓа. Попладне облачноста ќе се намали. Максималните дневни вредности на температурите ќе бидат во интервал од 5 до 13 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува засилен северен ветер, а во попладневните часови ќе има и услови за краткотраен дожд. Максималната дневна температура во текот на денот ќе достигне 6 степени, а во ноќните часови ќе се спушти 4 степени под нулата.

Од утре до сабота претпладне времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни, а најстудено ќе биде во петок наутро.

Под влијание на нов влажен бран, како што додаваат од УХМР, од сабота кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено на запад, кои поради спуштање на постуден воздух од север во недела и понеделник на повисоките места и на планините ќе
бидат од снег.

Leave a Reply