Негативен природен прираст во Куманово во првите три месеци од годинава

Сподели со своите пријатели

Вкупно 260 деца се родиле во првото тримесечје од почетокот на оваа година на подрачјето на Општина Куманово, објави Државниот завод за статистика, што е за 50 помалку во споредба со истиот период минатата година.

Помал е и бројот на починати споредбено со првите три месеци од минатата година. Ако во 2017 бројката на починати во првото тримесечје изнесувала 307, оваа година бројката изнесува 298 лица, меѓу кои и едно доенче.

Природниот прираст за првите три месеци од 2018 година за Куманово е негативен, односно -38.

Пораст годинава се бележи и на бројот на новосколучени бракови и разводи. Ако лани во јануари, февруари и март биле склучени 93 бракови, а разведени 13,  годинава 103 парови стапиле во брак, а 24 парови ставиле крај на својот брачен живот.

На ниво на државата бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 1.6 % и изнесува 5 255 живородени деца. Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2018 година бележи намалување од 11.4 % во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 5 432 лицa, а од нив 22 се умрени доенчиња. Природниот прираст изнесува -177, што значи за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 1.3 % во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 2 532 бракови. Во ова тримесечје се добиени 520 извештаи за разведените бракови.

Leave a Reply