Неделна временска прогноза за Куманово: Подгответе се за дожд од среда

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. Максималните температури ќе се движат во интервал од 17 до 27 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и стабилно време. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе биде околу шест степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 23 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Утре во кумановско ќе имаме слично време. Утринската температура ќе изнесува 11, додека максималната дневна 23 степени целзиусови.

Во среда нѐ очекува дестабилизација на временската состојба со облачно време и врнежи од дожд. Температурата во утринските часови ќе изнесува 11 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 19 степени целзиусови.

Претежно облачно и врнежливо, но со кратки сончеви периоди ќе биде вреето в четврток. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека дневниот максимум ќе достигне 14 степени целзиусови.

 

 

Во петок ќе имаме повторно врнежливо време. Утринската температура ќе изнесува седум степени целзиусови, додека максималната дневна се очекува да достигне до 15.

Врнежливо време нѐ очекува и за време на претстојниот викенд.

Loading...

Во сабота ќе имаме облачно и врнеливо време со минимална температура од седум степени и дневен максимум кој се очекува да достигне 14 степени целзиусови.

Слично ќе биде и во недела кога температурата ќе се движи од 6 степени наутро до 13 степени во текот на денот.

 

 

Услови за врнежи од дожд ќе има и кон почетокот на следната работна недела по што ќе следува стабилизирање на временската состојба.

Никола Ивановски