Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови со услови за слаб локален дожд.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со услови за мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе изнесува 2 степени целзиусови, а максималната дневна се очекува да достигне 16 степени.

 

Loading...

 

Слично време со малку повеќе облаци ќе имаме во текот на утрешниот ден. Утринската температура ќе се движи околу три степени, а максималната дневна ќе достигне до 16 степени целзиусови.

Среда носи сончево и мирно време. температурата во утринските часови ќе изнесува еден степен во позитива, а максималната дневна ќе достигне 15 степени.

Претежно облачно ќе биде и во четврток кога ќе имаме температура од минимални 4 степени во утринските часови до максимални 16 во текот на денот.

Најтопло неделава ќе биде во петок, кога не очекува сончево време со мала облачност. Температурата во утринските часови ќе изнесува шест степени, а во текот на денот максимумот ќе достигне 19 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Слично ќе биде и во сабота кога ќе имаме сончево време со мала облачност. Минималната температура ќе изнесува пет степени, а максималната дневна 17.

Недела носи врнежи од дожд. Температурата сепак нема да биде во опаѓање, па така утринската ќе изнесува пет, а максималната дневна 15 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе имаме и на стартот на следната работа недела, понеделник ќе биде врнежлив по што ќе следува повторно стабилно и топло пролетно време.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply