Неделна прогноза за Куманово: Се враќа утринскиот минус!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и наместа ќе има услови за појава на слаб локален дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 6 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне високи 17 степени целзиусови.

Во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигне брзина и до околу 50 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени под нулата, а максималната дневна ќе достигне девет степени целзиусови.

Во среда ќе имаме сончево и ведро време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, кој ќе достигне брзина и до над 40 километри на час. Минималанта температура ќе се спушти до вториот степен во негатива, а максималната дневна ќе достигне 12 степени целзиусови.

Четврток носи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец, а температурата ќе биде во интервал од минимални два до максимални 17 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Во петок ќе имаме претжено сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу три степени, а максималната дневна ќе достигне 15 степени целзиусови.

Сабота носи сончево и доста топло време. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални шест до максимални 18 степени целзиусови.

Претежно сончево со мала облачност ќе биде времето во недела, кога ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна ќе достигне 17.

 

Loading...

 

Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски