Неделава пресврт во временските услови

Сподели со своите пријатели

Времето изутринава е ведро, на места со слаб ветер од променлив правец.

Loading...

Граѓаните на Куманово утринава се разбудија на четири степени целзиусови, но во текот на денот ќе имаме релативно топло време.

Сончево и релативни топло со слаб ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени, информираат од Управата за хидромтеоролошки работи.

Сончевото и топло време ќе се задржи до утре. Во среда облачноста ќе се зголеми, дневната температура ќе се намали за неколку степени, а во текот на ноќта кон четврток ќе има и локален дожд.

Значителна промена на временската состојба се очекува од четврток, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, а дневната температура дополнително ќе опадне за уште 5 до 7 степени.

Leave a Reply