Не ги користете повторно: Откако ќе го изедете сладоледот, пластичната кутија фрлете ја, еве и зошто!

Сподели со своите пријатели

Големата пластична кутија која ни останува по изедениот сладолед изгледа многу практично, зар не? Па има и капаче кое фино е многу фино, па си мислите дека е штета да го фрлите, затоа што сигурно ќе ви дојде добро во него да чувате нешто од ручек или слично? Или пак да си замрзнете во нив некоја храна?

Loading...

Сепак, пластичките пакувања од сладоледот веднаш по јадењето треба да ги фрлите или ставиттте за рррециклирааање затоа што нивното повторно користење може да биде опасно.

Работата е во пластиката

Празните кутии од сладолед можат да пренесат хемикалии на она што го ставаме во него. Тука се вбројуваат оние како УВ стабилизатори, омекнувачи или некои други супстанции кои се наоѓаат во пластиката, па можат да се пренесат од пластиката на јадењето, објаснуваат експертите.

Особено кога кутиит еги миете со топла вода, потоа во нив ставате храна која има поинаков составо од сладоледот и која може да ја „нагризе“ пластиката.

Сладоелдот во кутијата е безбеден, храната не

Произведувачите гарантираат безгрижна консумација на сладоледот кој е во кутија, меѓутоа, кога ќе се испразни, ова добро запамтете го, кутијата мора да се фрла. Подобро е да набавите посебни пластични садови целно направени од пластика која е безбедна за чување на храната и која можете да ја користите повеќе пати.

Leave a Reply