Не дошол на работа 15 години, а редовно земал плата

Сподели со своите пријатели

15 години, еден човек, вработен во локална здравствена установа во калабрискиот град Катарзан, редовно добивал плата без никогаш да се појави на работа во одделот за итни случаи во случај на пожар, и за тоа време заработил повеќе од половина милион евра.

Loading...

Полицијата ги прегледала картичките за присуство и открила дека 66-годишниот Салваторе С. никогаш не дошол на работа за која земал редовна плата, а за да обезбеди такво нешто, Салваторе постојано испраќал „трето“ лице кое јасно им се заканувало на шефовите , колеги и членови на нивните семејства, доколку не му дозволат на Салваторе да не работи и да прима плата, пренесува Анса.

 

 

Деталите за случајот ги истражува обвинителството, а покрај „серискиот неработник“, како што дефинира локалниот печат, обвинети се уште 6 вработени во таа здравствена установа, меѓу кои и двајца шефови.

Leave a Reply