За 24 часа Баша Мукерџи (23) доживеала две многу возбудувања, а различни моменти. Таа првин со големо нетрпение чекала да види дали ја освоила титулата Мис Англија, а набргу откако ја ставила круната на глава, морала да се подготви за првиот работен ден на работа во клиника во Бостон.
Тоа и е прва работа по дипломирањето на Универзитетот во Нотингем.
– Не знам околу што бев понервозна. Поради тоа што ми беше прв ден на работа за која студирав пет години или поради изборот на мис. Кога победив на изборот за Мис Англија, бев во шок и не можев да верувам. Бев во целосно неверување, вели таа за „Радио 1 Њузбит“.
Баша не сакала новата работа да и се преклопува со титулата Мис Англија, но сепак така излегло.
– Заминав првиот ден во кантина да појадува и една госпоѓа ме препозна. Ме праша како сум поминала на натпреварување. Одговорив и таа скокна од среќа, го опишала првиот работен ден.
Зад неа се неколку напорни години, поради студиите и многу натпреварувачки дух.
– Откако завршив средно училиште, заклучив дека сум премногу досадна личност. Се што работев беше учење. Многу сакав да учам. Сакам да работам нешто ново, нешто поинакво и да додадам нешто во животот, рекла таа.
Отсекогаш ја сакала уметноста, па основала танцова група. Низ тие контакти се запознала со светот на модата. Вели дека многу луѓе и предложувале да учествува на натпреварување за избор на Мис Индија во 2015 година.
– Бев на средината од првата година во медицинското училиште, така да пребмногу се плашев да одам на месец дена во Индија и да го напуштам образованието, па одбив, раскажала Баша.
Година дена поцона, одлучила да учествува на неколку натпреварувања, но сметала дека не се фер и дека се слабо организирани. По долгат апауза, следбениците на социјалните мрежи во 2017 година ја наговориле да се врати на натпреварување. Две години подоцна, дипломирала и е прогласен за Мис Англија.