Населбата Средорек ќе добие канализација и асфалт

Сподели со своите пријатели

Населбата Средорек во Куманово, каде претежно живее ромското население, наскоро ќе добие канализациона мрежа, а потоа и аслфатиран пат, најави вчера Аксел Ахмедовски, министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите.

Средства се обезбедени од Министерството за тарнспорт и врски, а согласно стратегијата за Роми.

– Мислам дека овој проблем кој е повеќегодишен ќе биде саниран и од тука мислам дека тоа е доказ дека Владата навистина е посветена по однос на подобрувањето на состојбата на Ромите од оваа област. Сакам да истакнам дека и до крајот на годината на Општина Куманово ќе и бидат доделени дополнителни средства преку Министерството за локална самоуправа, а тоа се средства кои што се согласно пак стратегијата на Роми поради интервенција во мерките кои се од областа на Националниот акциски план од повеќе области, односно од област која ќе ја избере самата општина, од некој приоритет по претходен наш договор, изјави министерот Ахмедовски.

 

Loading...

 

Ако дозволат условите, како што потенцираше министерот Ахмедовски, работите на инфраструктурата во ромската населба Средорек ќе започнат уште овој месец.

– Јас ви гарантирам дека средствата веќе се процесирани преку Министеството за финансии, истите ќе легнат на сметка на општината и општината веќе натаму треба да започне со работа, додаде Ахмедовски.

Како што посочи министерот, се прават напори во соработка со владините, но и невладини организации да се реши и проблемот со дивоградбите во оваа ромска населба во Куманово. Владата ќе има интерес со поголема посветеност да работи за ромската заедница, рече Ахмедовски, а ја пофали и соработката со Општина Куманово.

За инфраструктурата во Средорек ќе бидат потрошени 3,2 милиони денари.

Leave a Reply