НАСА: Астронаути ќе живеат и работат на Месечината до 2030 година

Сподели со своите пријатели

Официјален претставник на Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) денеска изјави дека до 2030 година астронаутите ќе живеат и ќе работат на Месечината.

Loading...

Шефот на лунарната програма Орион изјави дека мисијата Артемис 1 е „првиот чекор кон долгорочно истражување на длабоката вселена“, пренесува лондонски Гардијан.

Хауард Ху, шеф на програмата за лунарното вселенско летало на американската вселенска агенција Орион, рече дека луѓето би можеле да бидат активни на Месечината пред 2030 година, со живеалишта во кои ќе живеат и со ровери за поддршка на нивната работа и движење околу површината на единствениот сателит на Земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

– Сигурно дека во оваа деценија ќе имаме луѓе кои ќе останат долго на Месечината и ќе имаат капацитети за живеење таму и ровери на земјата. Ќе имаме луѓе на површината на Месечината. Таму ќе живее и ќе се занимава со наука – изјави Хју во денешното интервју со новинарката на Би-Би-Си, Лори Куенсберг.