Напуштена куќа изгоре во селото Кучкарево

Сподели со своите пријатели

Напуштена стара куќа вчера изгоре во пожар во атарот на селото Кучкарево.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, на терен околу 09:04 часот заминало возило со четворица пожарникари, а уште едно возило пристигнало 40 минути подоцна. Пожарот бил изгаснат дури во 15:40 часот.

Во селото Матејче се уште е активен пожар кој голта сува трева и нискостеблеста шума. Од 18:10 часот вчеравечер на терен е испратено едно возило со тројца пожарникари.

Интервенција кумановските пожарникари бележат и во атарот на селото Скачковце, каде горело стрниште. Двајца пожарникари интервенирале во период од 13:55 до 15:50 часот.

Сува трева горела и на локалитетот Спомен Костурница.

Leave a Reply