НАПИТОК НА КРАЛИЦА ЕЛИЗАБЕТА ЗА ДОЛГ ЖИВОТ: Лесно се подготвува, потребни се сите овие две состојки

Сподели со своите пријатели

Кралицата Елизабета Втора во април го прослави својот 95-ти роденден, а сега е откриен коктел кој владетеллката на Обединетото Кралство наводно го консумира секојдневно.

Loading...

По разните диети, нејзините менија и совети за долговечност, магазинот „People“ конечно открил кој е „вистинскиот таен пијалок“ што Пол Вјбрев го подготвува за кралицата.

Одамна е познато дека џинот и е еден од омилените алкохолни пијалоци, а коктелот, кој наводно го консумира секој ден, се прави со џин. Имено, станува збор за комбинација од џин и слатко ароматизирано вино.

„За една чаша коктел потребни ви се 50 мл вино и 25 мл џин. Во шејкерот за коктел додадете алкохол и неколку коцки мраз, а потоа добро измешајте додека течностите целосно не се соединат. На крајот, во чаша за мартини, во кој се служи овој пијалок, се додава парче лимон, а пијалокот се служи ладен“, опишал Пол.