НАПАДНАТ МАКРОН: Францускиот претседател доби шамар при официјална посета (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон беше ударен од човек за време на официјална посета.

Loading...

Инцидентот се случил на југоистокот на Франција, каде се сретнал со студенти и реставратори.

Видеото кое кружи по социјалните мрежи покажува како Макрон се приближува кон насобраните граѓани пред кои има бариера.

Еден човек му удри шлаканица, пред да одговори обезбедувањето.

Веднаш беше повлечен од обезбедувањето, пренесува Би-Би-Си. Сепак, тој продолжи да разговара со луѓето.

Претседателството соопшти дека станува збор за обид за напад врз Макрон, но не открија повеќе детали.

Двајца мажи биле веднаш уапсени.

Нападот се случил во одделот Дром.

Loading...

Кога му удрија шлаканица на Макрон, се слушнаа извици „Долу макронизам“.

Идентитетот на мажите и нивните причини за нападот сè уште не се познати.

Набргу потоа, премиерот Жан Кастекс изјави во Националното собрание дека иако демократијата подразбира дебата и легитимно несогласување, „таа во никој случај не смее да претставува насилство, вербална агресија и уште помалку физички напад“.

Лидерот на крајната левицата ја објави својата солидарност со претседателот на Твитер веднаш по објавувањето на веста за шлаканицата во јавноста.

Претседателот Макрон во моментов е на турнеја низ Франција и штотуку го посети хотелското училиште во југоисточна Франција.

 

Leave a Reply