Намален криминалитетот во Куманово: 2020 година релативно безбедна

Сподели со своите пријатели

Релативно поволна безбедносна состојба се бележи во 2020 година, тврдат од Секторот за внатрешни работи Куманово, повикувајќи се на статистичките податоци кои покажуваат намалување на криминалитетот.

Loading...

Како што информираат од кумановската полиција, се бележи намалување на кривичните дела од 13,9 отсто, а зголемување на вкупната реализација од 0,5 отсто.

– Во текот на 2020 година превземени се организирани превентивно-репресивни мерки, од кои посебно се истакнуваат зголемување на заплена на наркотични дроги на подрачјето, намалување на извршените тешки кражби и зголемување на процентот на нивна реализација, сузбивање на случаи на тероризам, криумчарење мигранти, бесправна сеча и транспорт на огревни дрва, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply