Андреа Саншајн (53) од Лондон стана хит на социјалните мрежи, а ги полни насловните страници на весниците.
Таа вежба во теретана најмалку три часа дневно. Многу се грижи и за исхраната.
View this post on Instagram
– Јадам 150 јајца и повеќе од 15 килограми сладок компир месечно. Обожавам салати и зеленчук, особено брокула која е исклучително хранлива. Знам дека 150 јајца се шокантни за некого, но навистина многу тренирам и ме следат нутриционисти – тврди Саншајн.
Оваа бодибилдерка вели дека нејзината цел е секогаш да биде подобра, а откажувањето е неопходна жртва.
View this post on Instagram
Јајцата се популарни меѓу оние кои сакаат да градат мускули, а просечното јајце има дури 13 грама протеини.
Бидејќи многу често вежба, вели дека треба да внесува голема количина на калории.
View this post on Instagram
„Јадам повеќе од 3.500 калории дневно, поделени на шест до осум“, вели таа.
Патем, стандардниот препорачан внес е околу 2000 калории за возрасна жена, но тоа зависи од многу фактори – возраста, честотата на вежбање, активностите…
View this post on Instagram