Најсиромашниот претседател во светот ја одби и пензијата

Сподели со своите пријатели

Поранешниот уругвајски претседател Хосе Мохика изјавил дека не сака да прима никаква пензија врз основа на сенаторскиот стаж, пренесува ВВС.

Мохика во вторник дал оставка на сенаторското место.

Мухика, како го нарекуваат и „најсиромашниот претседател во светот“ беше сенатор во уругвајскиот парламент од 2015. година кога го завршил својот петгодишен претседателски мандат.

Тој има 83 години, поранешен е герлиски лидер кој со години бил во затвор, а во писмото навел дека се повлекува од лични прични и објаснува дека не сака да остане во Сенатот до крајот на мандатот во 2020. година затоа што е „уморен по долгото патување“.

Leave a Reply