Најсилната жена во светот е Русинка: Со неа нема шегување (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Наталија Кузњецова (28) е светска шампионка во боди-билдинг. Таа е висока 170 см и тежи 102 кг и го држи светскиот рекорд за кревање тегови со едната рака, од бенч и во мртво кревање.

Loading...

Започнала на 14 години

Во интервју за „Голдерс њуз енд спорт“, Наталија се потсети на нејзините почетоци. Таа изјавила дека кога растела, тие ја нарекле „мал глушец“.

– Кога бев тинејџерка, имав само 40 килограми и бев многу слаба. Татко ми предложи да вежбам со надеж дека ќе ја подигне мојата самодоверба – вели таа.

https://www.instagram.com/p/B5knqIGgFxd/?utm_source=ig_embed

Натали, сега е висока 170 сантиметри, 102 килограми и е најтешкиот женски бодибилдер во светот.

Таа додава дека првично не размислувала со спортот да се занимава професионално.

– Откако татко ми ми рече да правам вежби, наставник по физичко образование ме упати кон боди билдинг. Почнав да вежбам на 14-годишна возраст, а потоа, како и сите, одев во теретана без никаква цел. Сепак, по само три месеци, тренерот на теретаната ме праша дали сакам да учествувам во натпревар за боди-билдинг – вели Русинката.

https://www.instagram.com/p/B4rc20Ogzol/?utm_source=ig_embed

Како што истакна, таа отишла на тој натпревар, а по него следувале уште неколку.

Loading...

– До 15-годишна возраст станав шампион не само на градот Чита, каде што сум родена, туку и на целиот регион Забајкалски крај, – рече Наталија, која сега живее во Москва.

https://www.instagram.com/p/B4PuRDrJKrN/?utm_source=ig_embed

Ја препознаваат на улица

Според неа, потоа започнала само да ниже медали.

Во 2014 година, таа стана светски шампион во кревање тегови со едната рака, како и во кревање тегови од бенч. Во исто време, таа постави светски рекорди во обете категории.

https://www.instagram.com/p/B1vyaZqAqEO/?utm_source=ig_embed

Таа може да крене 124 килогрмаи со едната рака и 175 килограми од бенч. Таа подоцна исто така постави светски рекорд за „deadlifting“, кревајќи дури 240 килограми.

– После тоа, луѓето почнаа да ме препознаваат на улица и бараа од да се сликаат со мене. Некои дури и го знаат моето име“, вели Наталија.

Не ѝ пречи што нејзиниот сопруг има помали мускули од неа

Наталија Кузњецова, која неодамна се омажила, вели дека се запознала со нејзиниот сопруг, Јусиф Ајвазов (42) пред десет години. Како што истакнува, воопшто не му пречи што нејзините бицепси се поголеми од неговите.

Loading...

– Не ми пречи што има помали мускули од моите. Меѓусебната љубов и разбирање се тајната на нашата успешна врска – рече Наталија, додавајќи дека нејзиниот сопруг ѝ е најголема поддршка.

фото: Youtube printscreen

Leave a Reply