Најпознатиот стаклен видиковец започна да пука под нозете на посетителите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Највисоката зграда во Чикаго е „Вилис тауер“ висока 527 метри. На 103 кат од зградата се наоѓа стаклен видиковец кој ги мамеше туристите од целиот свет. Меѓутоа, заштитниот слој кој го прекрива балконот започнал да пука.

Loading...

Стаклото започнало да пука додека на него имало луѓе, но портпаролот на атракцијата рекол дека не биле во опасност.

– Тоа беше жена со две деца и изгледаа навистина преплашено затоа што подот пукал, рекол за CBS Хесус Пинтадо кој ја направил снимката на која се гледа стаклото.

Како што велат, ова е начин на кој заштитниот слој и треба да реагира. Заштитното стакло веќе е сменето и се е вратено во нормала.

Секоја година оваа атракција ја посетуваат 1,7 милиони луѓе. Отворена е во 2009 година, но на некое време била затворена во 2014 година исто така поради пукање на заштитното стакло.

Фото: Printscreen/Faceboo/Jesus Pc

Leave a Reply