Најпосетуваниот споменик во Барселона добива нова кула

Сподели со своите пријатели

Базиликата Саграда Фамилија во Барселона на 8 декември ќе ја отвори кулата на Богородица висока 138 метри со голема ѕвезда направена од стакло и челик, втора по големина во зградата откако ќе биде завршена.

Loading...

Пред инаугурацијата, ѕвезда тешка 5,5 тони ќе биде поставена на врвот на деветтата од 18-те кули, како што замислил архитектот Антони Гауди, на 29 ноември.

Таа ѕвезда чинеше 1,5 милиони евра. „Направен е од отпорни материјали, ќе има 12 проектори во центарот и ќе свети како нова ѕвезда на небото на Барселона“, изјави за новинарите Жорди Фаули, главниот архитект на Саграда Фамилија.

 

 

„Со изградбата на деветтата кула, работите за доизградба на катедралата се на половина пат, останаа уште пет централни кули, кулата на Исус Христос, која е највисока и кулите на четворицата евангелисти, чии работи се започнати “, додаде Фаули.

Туристите се враќаат, но ги има помалку

Loading...

Завршувањето на работите и нивното финансирање се поврзани со продолжување на туризмот, бидејќи изградбата на базиликата зависи од донации, спонзори и продадени билети, чиј број е значително помал за време на пандемијата.

Иако повторно има туристи, ги има значително помалку отколку пред Ковид.

 

 

„Пред крајот на 2023 или почетокот на 2024 година ќе ги достигнеме нивоата од 2019 година“, предвидува Ксавиер Мартинез, генерален директор на групата задолжена за изградба на Саграда Фамилија.

Саграда фамилија е дизајнирана од каталонскиот архитект Антони Гауди и е најпосетуваниот споменик на Барселона, а во 2005 година е вклучена на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Неговата изградба започна во 1882 година, а треба да биде завршена сто години по смртта на архитектот, во 2026 година.

Loading...