Алојз Абрам, модно освестениот дедо, е вистинска атракција на социјалната мрежа Инстаграм. Роден и израснат во Словенија, тој е познат на Инстаграм под прекарот „Грампс“, а зад неговиот профил всушност стојат тој и неговиот внук кој модно го советува и фотографира.
Грампс сака улична мода, а ужива и во пресоздавањето на облеката на славните.
View this post on Instagram
Сè започнало пред пет години
– На Божиќ 2016 година го прашав дедо ми дали сака да ја проба мојата облека. Изненадувачки, тој рече дека ќе го направи тоа, а потоа ја облече облеката и ми ги облече патиките. Изгледаше толку кул што веднаш сакав да го фотографирам.
Две недели подоцна, ја објавив првата слика на Грампс на мојот Инстаграм профил и сите беа воодушевени. Откако ја направивме првата фотографија, продолживме понатаму и така започна сè – изјави за LADbible Јаник Даифенбах (23), студент од Германија, внук на популарниот Алојз.
View this post on Instagram
Дедото и внукот ги следат милион луѓе на Инстаграм, а како што вели Јаник, заедничкото хоби ги зближило уште повеќе.
– Отсекогаш сме биле многу блиски, игравме пингпонг и фудбал секој вторник или заедно одевме на шопинг. Навикнав да ги посетувам него и баба ми. Откако започнавме да фотографираме, јас и дедо ми станавме уште поблиски.
View this post on Instagram
Оваа година патувавме многу и поминавме време заедно. Навистина добро се забавувавме и уживавме во секоја секунда. Како дете ме научи многу, но што е најважно, ми покажа дека никогаш не е доцна да започнам нешто ново и ме советуваше да не се плашам да бидам поинаков.
Тој е најмирната личност што ја познавам и никогаш не се нервира. Покрај тоа, тој оди во теретана три пати неделно за да остане во форма. Се надевам дека ќе бидам како него кога ќе остарам – рече Јаник.
View this post on Instagram
Тој наоѓа инспирација во семејството
Модните комбинации за Грампс ги бира неговиот внук, а интересно е што тој носи ваква облека во секојдневниот живот.
– Се согласив да ја испробам неговата облека, бидејќи мислев дека ме прашува за забава. Сепак, ми се допадна и целосно го сменив стилот на облекување. Уживам да поминувам време со мојот внук, да патувам и да купувам нова облека и обувки.
Тоа е хоби за мене, а сега сум навикнат на модата и научив да позирам. Инспирација е моето семејство, а особено мојата сопруга, која го сака и мојот стил и нашето хоби. Денес, таа не ме пушти од дома без капа и добри патики, и таа е среќна што уживам во ова.
Покрај тоа, таа е задоволна што поминувам многу повеќе време со Јаник, а исто така и таа купи неколку пара патики и почна да се интересира за улична мода и патики – рече Грампс, чиј стил никогаш не остави никого рамнодушен.
View this post on Instagram