Најмалку осум жртви во поплавите на Филипините

Сподели со своите пријатели

Најмалку осум лица загинаа како последица на поплавите предизвикани од обилните дождови во јужните провинции, соопштија денеска филипинските власти.

Loading...

Фотографиите на социјалните мрежи покажаа дека спасувачите им помагаат на жителите да излезат од водата длабока до градите по два дена обилни врнежи во централниот и јужниот дел на Филипините, објави Ројтерс.

Националната агенција за вонредни состојби преку соопштение наведува дека има осум жртви, од кои пет починале како последица на давење, додека 19 се водат како исчезнати.

Според податоците на Министерството за социјална заштита, во центрите за евакуација се наоѓаат речиси 46.000 лица.