Најлудиот и најбрзиот ролеркостер на крајот од возењето се нурнува под вода (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ролеркостерите секоја година се се полуди и поопасни, а ширум светот се отвараат бројни тематски паркови кои наликуваат на натпреварувања и потрага по возбуда.

Сега тематски парк во Канада се подготвува ролеркостерот да го однесе на едно друго ниво.

Канадаската „Земја на чудата“ која се наоѓа во близина на Торонто, во 2019. година ќе биде дом на „Јукон Страјкер“, кој ќе биде најбрзиот и највисокиот ролеркостер во светот.

Со повеќе од 1.100 метри патека, „Јукон Страјкер“ ќе може да достигне 130 километри на час, со височина од 75 метри.

Сакале да се забават на ролеркостер, но таму ги оставиле своите животи (видео)

Loading...

Луѓето кои ќе се возат ќе може да се свртат и за 360 степени.

Оние кои трагаат по возбуда ќе можат да се возат под агол од 90 степени право во подводниот тунел.

Пред спуштањето машината ќе направи пауза од три секунди, а на тој начин да создаде огромна напнатост.

Канадската „Земја на чудата“ на својот Твитер профил претстави како тоа би изгледало.

Leave a Reply