НАЈЧУДНИТЕ СУЕВЕРИЈА: Зошто на момчето не се подарува часовник и што значи скршена чаша?

Сподели со своите пријатели

„Бабини деветини“ или не, уште од детството не учеле да се бориме со „правила“ кои се применуваат за да, наводно, се избегне караница или да се поттикне среќата во различни сегменти од животот.

Едно од таквите, необични верувања е дека не се подарува запалка, затоа што тоа носи караница. Исто така, доколку при ракувањето, рацете се вкрстат се верува дека меѓу тие лице ќе има караница.

На гости никогаш не се остава неиспиен пијалокот, затоа што според верувањата носи расправии во домот. Се верува и дека седењето со прекрстени раце во куќата наслутува несреќа и тага, а ниту менувањето на вереничкиот прстен не треба да се прави затоа што живтото би се превртел.

Ако девојката подари часовник на момчето или тој нејзе, им следува раскид, а во куќа во која масата се лула, значи дека главниот збор го има жената. Се верува дека искршена чаша во домот наговестува несреќа, како и дека оној кој јаде ронки од масата ќе биде богат.

Едно од необичните правила е дека никако не треба да пеете додека јадете. Наводно, тој кој пее зад маса ќе ожени луда жена, односно ќе се омажи за луд маж. Кој пие кафе од свртена шолја ќе се омажи за вдовец или ќе се ожени за вдовица, а на девојките им се дава крајчето од лебот за да ги сака свекрвата.

Необично е и верувањето дека оној кој јаде храна од нож или го лиже ножот – ќе се разболи, а за да не ги соберете магиите кои некој ги фрлил одамна, никако не смеете да преминувате преку крстосница, затоа што тоа е место каде вкрстуваат овој и оној свет.

Во коментари слободно напишете ни за некое чудно суеверие и верување кое го имаме испуштено.