НАЈБИЗАРНИТЕ ПАТИКИ ДОСЕГА: Чинат 865 евра, имаат пентаграми и крв во воздушниот ѓон!

Сподели со своите пријатели

Компанијата што ни ги донесе најгрдите, и најскапите влечки во светот, повторно ѝ задава удар на модната индустрија! Овој пат, пар патики „Најк“ предизвикаа гнев кај корисниците на социјалните мрежи!

Loading...

Компанијата „MSCHF“ изработи патики „Satan shoes“ во соработка со раперот по име Лил Нас Х, а кампањата за нивна промоција е застрашувачка!

Патиките чинат 865 евра за пар, а освен дизајнот, кој е целиот во црвена нијанса, тие содржат крв од вработените во компанијата?!

Овој бренд, познат по „касапење“ култни парчиња од други дизајнери и правење нови како Франкенштајн, гордо го претставува продолжението на својата бизарна серија производи кои на некој начин се занимаваат со религијата.

Прво, тие презентираа „чевли на Исус“, патики што содржат света вода, а сега патиките „посветени“ на нечесното во воздушниот ѓон содржат капки крв на вработените.

 

Станува збор за модифициран модел „Nike Air Max 97“, во црна боја, со пентаграм на врвките и цитат од Библијата на страна.

Loading...

„Нашиот тим донираше крв за овие патики и морам да признаам дека не користевме помош од медицински професионалци, ние сами ја собравме“, изјави Даниел Гринберг, еден од основачите на оваа компанија, за Њујорк Тајмс.

Спортскиот гигант „Најк“, чии патики беа користени за оваа модна сакрилегија, издаде соопштение во кое ја негира соработката со „МСЦХФ“.

„Ние немаме деловни односи ниту со раперот, ниту со тој бренд и не учествувавме во дизајнирањето или продажбата на овие патики. Ние не го поддржуваме овој проект”, се вели во соопштението на компанијата.

Leave a Reply