Над 90 пијани возачи ноќва казнети и исклучени од сообраќај

Сподели со своите пријатели

Над 90 возачи вчеравечер и во текот на ноќта биле казнети од страна на полицијата бидејќи биле пијани, а воедно биле и исклучени од сообраќајот.

Loading...

– Синоќа (23/24.07.2021) во периодот од 21 од 03 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 91 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply