Над 320 ученици од Куманово учествуваа во натпревар за сообраќај

Сподели со своите пријатели

Над 320 ученици во текот на изминатиот викенд беа дел од натпреварот „Научи – положи – биди одговорен, кажи стоп на сообраќајните незгоди“.

Loading...

Натпреварот се одржа во Средното општинско училиште „Наце Буѓони“ во Куманово со учениците од средните училишта во градот.

Организатор на настанот беше Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово, а на натпреварот како што информираат оттаму се пријавиле вкупно 320 ученици.

– На натпреварот пријавени вкупно 320 ученици, од кои на првиот дел од натпреварот, кој беше спроведен електронски, учествуваа 160 ученици од трета и четврта година од средните училишта. Најдобрите 33 ученици се пласираа во финалето, велат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Едно лице тешко повредено во верижен судир во кумановско

Вториот дел од натпреварот ќе се одржи на 20.04.2024 со учество на останатите 160 ученици, а финалниот дел и доделување на дипломи, благодарници и ваучери за најуспешните ќе се одржи на 27.04.2024 во СОУ „Наце Буѓони“, кое е домаќин на овој натпревар.

Никола Ивановски