Над 32.000 казни за неносење маска напиша СВР Куманово досега

Сподели со своите пријатели

Над 32 илјади казни напишале полициските службеници наподрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово кое ги опфаќа Куманово заедно со општините од Североистокот.

Loading...

– Од почетокот  на воведувањето на мерката за задолжително носење лична заштита на лицето на подрачјето на СВР Куманово констатирани се вкупно 32.184 прекршоци, велат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Само во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (13.06/14.06.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 9 лица не ја почитувалe информираат од кумановската полиција.

Од издадените прекршочни налози во изминтото деноноќие во Куманово има 3, во Крива Паланка 2 и во Кратово 4.

 

Loading...

 

За истите, појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Од МВР велат дека иако е укината забраната за носење маска на отворено, нејзината употреба е задолжителна во возилата и во затворени простории и поради тоа сѐ уште се казнуваат оние што не го почитуваат оваа правило.

 

 

Во текот на изминатата ноќ не се регистрирани лица кои не ја почитувале забраната за движење на подрачјето на СВР Куманово.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply