На Табановце се чека од 30 до 45 минути за излез од Македонија

Сподели со своите пријатели

За излез од државата на граничниот премин Табановце се чека од 30 до 45 минути.

Loading...

Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

– На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Leave a Reply