На Табановце приведен скопјанец баран за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен жител на Скопје вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце откако по него имало распишана меѓународна потерница.

Loading...

– На 09.10.2021 во 23.10 часот на Граничниот премин „Табановце“, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.А.(31) од Скопје. При извршена пасошка контрола било констатирано дека А.А. се бара по телеграма од Сектор за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги, поради сомнение дека е сторител на кривично дело по член 418 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Никола Ивановски