На планините денеска се очекува и до 15 сантиметри снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни (над 20 л/м2), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На планините во западните и во североисточните делови (над околу 1000 м.н.в.) врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно и значително постудено време со врнежи од дожд. Утринската температура ќе изнесува три степени, а дневниот максимум ќе се искачи до седум степени целзиусови.

Според метеоролозите на УХМР, утре ќе се задржи облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови од земјава.

Од сабота ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура.

За време на викендот ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди, стои во соопштението на УХМР.

Никола Ивановски

Loading...