На малата Јована од Куманово и е потребна нашата помош!

Сподели со своите пријатели

Јована Станковска од Куманово има четиринаесет години и боледува од Целебрална парализа. Неуспехот на ортопедските операции во Македонија, велат родителите на Јована, го поправиле ортопеди од Израел, па врз Јована се направени уште две операции на двата колка.

Но, Јована е борец кој не се откажува, а за конечно да застане на нозе потребна е трансплантација на матични клетки која треба да се изврши во Русија. Само третманите, но и авионските карти до Москва за неа и за нејзините родители, ќе чинат повеќе од 50.000 евра, сума која семејството не може само да ја покрие, поради што апелираат до сите хумани луѓе за помош.

Да ѝ помогнеме на Јована сама да застане на нозе!

Телефонски броеви за донации за Јована:
070 143-111 (за корисници на мрежата на Телеком)
143-482 (за корисници на мрежата на ВИП/ОНЕ)

Или со донација на сметка:
300 0910000018 89
Комерцијална банка АД Скопје.