На ГП Табановце запленети пола милион евра. Најголема заплена во историјата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Царинската управа спречи обид за нелегален пренос на половина милион евра, кои биле сокриени во специјално изработен бункер во минибус на граничниот премин Табановце.

Како што информираше директорот на Царинската управа Бобан Николовски, станува збор за историски најголема заплена на девизи, реализирана од Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи.

 

 

Според информациите, минибусот, сопственост на туристичка агенција од Албанија, бил запрен при влез во државата, а во него се превезувале седум патници.

Возилото го управувал албански државјанин со иницијали Џ.Г., против кого е поведена постапка, а Основниот суд во Куманово веќе донел пресуда.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акција за собирање кабаст отпад викендов на три локации во Куманово

Во акцијата учествувале мобилен тим, K9 единицата и Службата за мобилни скенери.

 

 

Цариниците забележале преправки на возилото, по што било ангажирано царинско куче кое сигнализирало можност за криумчарење.

Сомнежите биле потврдени и по скенирање на минибусот, по што инспекторите пристапиле кон отворање на скриениот простор, каде биле пронајдени 14 проѕирни ќеси со вкупно 500.000 евра.

„Акцијата беше извршена брзо и ефикасно, а мобилниот тим со своето искуство веднаш ги забележа преправките на возилото“, изјави Николовски, додавајќи дека секој обид за нелегален прекуграничен пренос на готовина ќе биде најстрого санкциониран.

 

 

Запленетите девизи и возилото се трајно одземени, а согласно закон средствата се предадени на Агенцијата за одземен имот, од каде се депонирани во Народната банка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсени кумановци барани со потерници

Никола Ивановски