Уапсени кумановци барани со потерници

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци барани по потерници, биле лишени од слобода вчеравечер, кои претходно биле осудени на седум, односно две години затворски казни.

Во првиот случај приведен е 40-годишник осуден за доиздржување на седумгодишната затворска казна.

– На 19.05.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С.(40) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на четири години и седум  месеци од казната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово утре го пречекува РК Спартак

Во вториот случај приведен бил 31-годишник баран за доиздржување на двегодишната казна затвор.

– На 19.05.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Д.(31) од Куманово, велат од МВР.

Како што се појаснува, тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за доиздржување на една година и шест месеци од казната.

– Двајцата биле спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во сабота се отвора автопазарот во Којнаре