На фестивалот „Таксират“ приведени 17 лица со разни видови наркотици, еден и од Куманово

Сподели со своите пријатели

Марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови таблети и пакувања со тврда материја, вчеравечер запленила полицијата во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје каде се одржуваше фестивалот „Таксират“. Приведени се вкупно 17 лица, најмладиот имал 18, а настариот 30 години.

Loading...

– Во периодот од 22.30 часот на 07.12.2021 до 02.50 часот на 08.12.2021 во Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15 лица, и тоа Ѓ.Б.(24) од Србија, Л.К.(18) од Скопје, В.А.(38) од Гевгелија, М.Ѓ.(20) од Битола, Б.Н.(22) од Свети Николе, В.Х.(23) од Скопје, Д.Т.(23) од Косово, А.С.(25) од Скопје, Љ.В.(30) од Косово, Ѓ.Д.(18) од Велес, К.М.(23) од Штип, М.Н.(18) од Штип, С.Т.(25) од Скопје, Б.С.(20) од Скопје и Љ.Ј.(20) од Скопје. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови таблети и пакувања со тврда материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Меѓу приведените пак на паркинг просторот има и еден дваесет и петгодишен кумановец.

– На 07.12.2021 во 21.30 и 21.35 часот, пак, на паркинг простор на Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.К.(20) од Косово и Н.В.(25) од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја, велат од полицијата.

Сите 17 лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Никола Ивановски