На аукција револверот со кој Ван Гог се обидел да се самоубие

Сподели со своите пријатели

Револвер од моделот Лефошо, со кој холандскиот сликар Винсент Ван Гог сакал да изврши самоубиство на 27 јули 1890 година во француското место Овер сир Оаз, утре ќе биде на аукциска продажба во Париз.

Loading...

Куќата „Auction art“ ќе го поуди револверот кој се проценува дека вреди измеѓу 40.000 и 60.000 евра.

На аукција уметнички дела пренесени од нацистичка Германија во САД

Ван Гог по две години минати на југот на Франција, на 20 мај 1890 година се преселил во Овер сир Оаз, северно од Париз, според советот на својот брат Тео.

Лекарот Пол Гаше, пријател на импресионистичкиот сликар, се грижел за холандскиот уметник, кој тогаш имал чести психолошки кризи.

Сликарот изнајмил соба во гостилницата Артура Равуа. Тогаш бил на врвот на уметничкото творештво, па сликал едно дело дневно.

КОНТРОВЕРЗНА АУКЦИЈА: Без понуди за сликите на Адолф Хитлер

Ван Гог на 27 јули 1890 година заминал во прошетка во блиските полиња и таму ја кренал кошулата во обид да пука со револверот кој го зел од гостилничарот.

Loading...

Меѓутоа револверот му се излизнал од рацете и уметникот паднал во несвест. Се разбудил навечер и така ранет тргнал кон гостилницата. Покрај помошта на др. Гаше, Ван Гог починал два дена подоцна во агонија.

Оружјето околу 1960 година го пронашол еден земјоделец на имот и го предал на сегашните сопственици на гостилницата.

Приборот за јадење на Хитлер продаден на аукција (ФОТО)

Револверот, кој е многу оштетен, бил закачен над пултот и потоа изложен во музејот посветен на Ван Гог во 2016 година во Амстердам. Според анализите на експертите, оружјето било во земја многу долго, што би можело да се поклопи со тезата дека е фрлено околу 1890 година.

Американски научници во 2011 година ја браниле тезата, според која Ван Гог не се убил туку бил ранет во случајно пукање со некои млади кои се играле со оружје.

На аукција дијамант кој бил на круните на француските владетели (видео)

Ван Гог (1853-1890), кој починал во 37та година, еден е од најголемите сликари на постимпрезионизмот и еден од најценетите сликари воопшто.

Бил и зачетник на колористичкиот експресионизам, сакајќи со црвена боја, како што еднаш самиот рекол, „да изрази страшни страсти на човечката душа“.

Loading...

Leave a Reply