05.03.2019 12:32

На аукција уметнички дела пренесени од нацистичка Германија во САД


Околу 200 уметнички дела од колекција на еврејскиот адвокат Исмар Литман, кои тајно биле префрлени од нацистичка Германија во САД, ќе се најдат на ауција во Њујорк.

Во понудата на аукциската куќа „Свон галерис“ претжено ќе се најдат цртежи, бакрописи и литографии кои припаѓале на колекција од околу 6.000 уметнички дела кои Литман ги собрал.

loading...

На укција ќе се најдат и дела кои од Германија пред Втората светска војна ги изнел синот на Литман, кој се преселил во Тексас, пренесува АП.

Потпретседателот на аукцискат акуќа Тод Вејман рекол дека колекцијата е значајна поради единствениот фокус на германските дела.

Литман се дружел со многу уметници чии дела ги собирал, како што се Ото Милер и Хајнрих Тишлер, но рестрикциите на еврејските адвокати, кои се воведени со доаѓањето на нацистите на власт, довеле до пропаст на праксата на Литман.

Литман извршил самоубиство во 1934 година.

Неговито син Едвард, кој емигрирал во САД во 1933 година, се вратил во Германија по смртта на татко си и успеал да префрли околу 800 дела во САД, рекол синот на Едвард Литман, 81-годишниот Џон Литман.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments