МВР со детали за сообраќајката во која едно лице го загуби животот

Сподели со своите пријатели

Вчера во 15.05 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во близина на с.Војник, дошло до судир помеѓу патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С. (27) од с.Марино, скопско и товарно возило „Сканиа“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, управувано од Д.А. (43) од село Волково, скопско.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Н.С. којшто бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде им подлегнал на повредите. Д.А. и сопатникот од товарното возило Ј.Д. (42) од с.Волково биле пренесени во болницата во Куманово и биле задржани на лекување.

Кај Д.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Ј.Д. телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply