МВР: Новорегистрирани 2. 800 бегалци без побарано право на азил

Сподели со своите пријатели

Вкупно 2.806 потврди се издадени од страна на Министерството за внатрешни работи во текот на вчершаниот ден, од кои 1.282 на лица од Сирија,  1.005 на лица од Ирак како и 519 потврди на лица од Авганистан.

Loading...

Во периодот од 19 јуни заклучно со вчера, издадени се вкупно 348.017 потврди , додека  до Секторот  за азил во текот на вчерашниот ден не е поднесено барање за признавање на право на азил.

Инаку, денес во светот, 18 декември се одбележува како Меѓународен ден на мигрантите, откако во 1990 година од страна на ООН беше усвоена Конвенцијата  за заштита на сите работници мигранти и за членовите на нивните семејства.