МВР: 2.496 издадени потврди на бегалците во текот на вчерашниот ден

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден биле издадени вкупно 2.496 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, од кои најголем број малолетни деца, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Бројот на деца кои добиле птоврди изнесува 1.033 кои патувале со придружба на родители или старатели, додека 11 биле без придружба, 992 биле возрасни мажи, додека бројкат ана жени бегалци кои добиле потврди изнесува 460.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија – 1.152, потоа на 867 државјани
на Авганистан и на 477 на државјаните на Ирак, со што вкупната бројка на издадени потврди од почетокот на годината заклучно со вчерашниот ден изнесува 57.973.

До Секторот за азил поднесени биле три барања за признавање на право на азил од двајца државјани на Авганистан и едно од Сирија врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, со што вкупниот број од почетокот на 2016-та изнесува десет.