MТСП: Воведуваме надоместок и за жените со обострана ампутација на дојка

Сподели со своите пријатели

Со новиот Правилник за листата за видовите телесни оштетувања врз основа на кои се стекнува со правото на паричен надоместок и процентите на оштетувањата Министерството за труд и социјална политика воведе надоместок и за жените коишто имаат обострана ампутација на дојка.

Loading...

-Досега право на надоместок имаа само жените со еднострана и обострана радикална ампутација на дојка. Воведувањето на ова право од пензиско инвалидско осигурување е на барање на повеќе Здруженија на жени за борба против ракот на дојка, информираат од МТСП.

Во новиот Правилник којшто веќе е на сила се воведува и табеларно прецизно утврдување на острината на видот и процентите на телесно оштетување според острината на видот.

Подобрен е и целиот текст на самиот Правилник, кој можете да го пронајдете ТУКА.

Leave a Reply