Може ли да изненади Љубиша Николиќ за кандидатското место на СДСМ во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Деновиве скоро сите внатрепартиски кандидати на СДСМ се „во акција“ и водат одредена кампања, сите освен Љубиша Николиќ. Дали токму тој може да биде големото изненадување на партијата за градоначалничката трка во Куманово?

Николиќ, според наши извори од партијата, ја ужива поддршката од централното раководство пред се од својот сограѓанин Оливер Спасовски, но и од првиот човек на партијата и сегашен премиер Зоран Заев, воедно има и добар рејтинг на анкетите кои ги спореведува централното раководство.

Анкетите привршуваат, а дали поранешниот директор на кумановската Гимназија ќе ја добие довербата од граѓаните и својата партија останува да дознаеме наскоро. Инаку Николиќ е воедно и поранешен пратеник на СДСМ кој поради напуштањето на работатата на Владата на тогаш опозициската партија, кратко седеше во законодавниот дом. Дали со кандидатското место партијата ќе му се „одолжи“ останува да видиме.

 

Loading...