Москва: Бројот на загинати се искачи на 143, хоспитализирани 105 лица

Сподели со своите пријатели

Две лица се отпуштени од болниците во близина на Москва по терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, се наведува на веб-страницата на Министерството за здравство на Московската област.

Loading...

Според официјалните податоци, две лица се отпуштени, вкупниот број на хоспитализирани е 105, а уште 20 се на амбулантска нега, пренесе РИА Новости.

Според последните податоци на Рускиот истражен комитет, загинале 115 лица.

Главниот уредник на медиумската група „Россија Севодња“ и на телевизискиот канал „Раша Тудеј“, Маргарита Симонјан на својот профил на „Телеграм“ објави без да го прецизира изворот на информацијата дека бројот на жртвите во терористичкиот напад се искачи на 143.