Момчето било поспано, го однеле на скенер и не можеле да им веруваат на очите (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Лекарите од Ерусалим биле шокирани кога едно момче дошло на преглед, бидејќи ненговите родители биле загрижени за неговата ненадејна поспаност.

Loading...

Родителите пристигнале во медицинскиот центар Хадаса со момчето од Палестина.

Лекарите веднаш го прегледале и на главата му нашле мала рана и крв. Веднаш направиле скенер по што откриле дека момчето има куршум во главата. Куршумот поминал низ черепот и застанал во мозокот на момчето.

 

 

Неврохирургот Гај Елор, кој го отстранил куршумот од главата на момчето, вели дека родителите не знаеле дека нивниот син е застрелан.

„Мајката рече дека играло со своите другари и дека можеби случило нешто, дека можеби паднало врз нешто. Приказната не е целосно јасна. Имаше мала рана на главата”, рече тој.

Loading...

Се сомнева дека момчето било погодено за време на прославата на Курбан Бајрам.

 

 

„Ако куршумот заминал во друга насока, тоа би можело да предизвика многу поголеми штети и значителна невролошка штета“, рече лекарот, додавајќи дека момчето добро се опоравувало и разговарало со своето семејство.

Leave a Reply