Мол за производи на чевларите и текстилците од Куманово, најави Димитриевски (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мини мол во кој ќе има локали на кумановските компании кои се занимаваат со чевларство и текстил, денеска на прес конференција најави независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, откако претходно оствари средба со дел од претставниците на чевларската индустрија.

Loading...

– Денеска имав можност да направам средба заедно со носителот на советничката листа „За наше Куманово“ Ивана Ѓорѓиевска со претставниците на кожарската индустрија или конкретно чевларската индустрија во нашиот град. Ја презентиравме пред нив дел од нашата програма во насока на развој на малото и средно стопанство во градот. Покрај тоа што рековме дека ќе се инвестира во постоечките капацитети, мини индустриски зони, продолжуваме со инвестиција во индустриската зона Новине и Речица и ги напоменавме условите под кои ќе може да се инвестира во истата, рече Димитриевски.

 

 

Како што додаде тој, на средбата било разговарано и за можноста за изградба  изградба на нов деловен комплекс кој би бил наменет за продажба на производи на занаетчиите, чевларската и текстилната индустрија.

– Тоа е на локација на „Октомвриска револуција“, локалитет Табакана каде во моментов согласно деталниот урбанистички план има предвидено изградба на станбено-деловен комплекс, но во рамки на нашата програма на оваа локација сакаме да изградиме подземни паркинзи и дополнително на два спрата еден трговски комплекс каде би биле дадени истите локалитети и локали да се користат од страна на занаетчиските дејности и да се формира еден мол за продажба на производи од чевларската и текстилната индустрија од нашиот град, изјави Димитриевски.

Според Димитриевски, на тој начин дополнително би се брендирал градот како град производител на чевли и текстил.

Loading...

Никола Ивановски