Могерини: Вратата на ЕУ е отворена за Косово, но првин да ги исполнат условите

Сподели со своите пријатели

Високата пртставничка на ЕУ, Федерика Могерини вели дека Косово е дел од стратегијата на Европската унија за Западен Балкан и дека се што е предвидено за другите можно е и за Косово, но дека е потребно првин да се исполнат одредени услови, вклучувајќи и дијалог со Белград.

– Стратегијата вели дека сите партнери имаат европска перспекива. Тоа е јасна порака. Пренесува порака посебно за младите затоа што знам колку им значи перспективата. Меѓутоа, Косово треба да направи одредени работи, рпед да има европска перспектива, рекла Могерини.

Таа зборувајќи за условите кои треба да се исполнат за да Косово напредува кон ЕУ, рекла дека треба да се продолжи дијалогот со Белград.

– Гледам интересирање на лидерите по однос на тоа прашње, затоа треба да се оди напред. Тоа бара храброст. Косово треба да го имплементира Споразумот за стабилизација и придружување и други меѓународни договори, како што е договорот за Специјален суд. Реформите на Косово не ги бара само ЕУ туку и граѓаните. Вратите се отворени, ние ве сакаме внатре, ајде заедно да работиме на остварањето на таа цел, рекла Могерини.

Leave a Reply