Младите во Србија со најпозитивен став кон Македонците и Црногорците

Сподели со своите пријатели

За прв пат оваа година КОМС го испитувал односот на младите кон припадниците од различни националности во Србија и во околината, пишува Данас.

Loading...

Младите биле замолени да изберат на скала од 1 до 4 како се чувствуваат кон припадниците на различни националности на територијата на Србија и во околината. Со оценка 1 што значи „отсекогаш сме имале блиски и пријателски односи со нив“. 2 – „граѓанин како и сите други“, 3 – „не ми пречат, но не би се дружел со нив“, 4 – „Не ми се допаѓаат“.

Добиле податоци дека младите имаат најпозитивен однос кон црногорската (просечна оценка 1,68) и македонската (просечна оценка 1,75) националност, а најнегативен кон албанската (просечна оценка 2,52).

Како причина за ваквите податоци Гзим Мурати од здружението „Иднина“ од Бујановац изјави дека се работи за конфликти од минатото и континуирана политика која понекогаш знае да биде дискриминаторска.