Млади сте, а имате висок притисок? Ова мора да го знаете за својата иднина!

Сподели со своите пријатели

Пол Лесон, професор по медицина од Оксфорд, вели  дека е познато веќе некое време дека луѓето со висок крвен притисок имаат поголема веројатност да развијат различна структура на мозокот подоцна во животот.

Loading...

Луѓето во триесеттите години треба да внимаваат на крвниот притисок за да ги заштитат мозоците во старост, според студијата која ја пренесе Би-Би-Си.

Поточно, студијата следела 500 луѓе родени во 1946 година и имала за цел да следи како нивниот крвен притисок влијае врз контракцијата на мозокот.

Научниците велат дека притисокот во триесеттите и четириесеттите е клучен и може да го забрза оштетувањето на мозокот.

Не е прв пат високиот крвен притисок во средната возраст да се поврзе со зголемување на ризикот од деменција, но научниците сакале да дознаат повеќе за тоа кога и како може да се случи.

– Крвниот притисок, дури и во неговите триесетти години, може да влијае на здравјето на мозокот четири децении подоцна. Следењето и интервенциите за да се зголеми здравјето на мозокот во подоцнежниот живот треба да започнат со раните средни години – професорот Џонатан Скот, автор на студијата, пренесува ВВС.

Leave a Reply